Мисајловски: Со оваа власт држава оди во погрешна насока, ги повикувам сите на протестот на 18 јуни, да пратиме порака за предвремени избори и ДУИ и СДСМ да паднат заедно

Не се работи дали треба да биде порано или покасно протестот. Јас ги повикувам сите граѓани кои се чувствуваат разочарани од сите политики изминативе години, што гледаат што се случува. Нека дојдат сите граѓани, да види колку е народот незадоволен од власта, да се покаже потребата од предвремени избор, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Тема на денот“ на Сител телевизија говорејќи за претстојниот протест на 18 јуни.

Мисајловски истакна дека сите анкети покажуваат дека мнозинството од народот сака промени и дека државата со оваа власт оди во погрешна насока.

– На последните анкети околу 70% од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока, а тоа што е најпоразително многу млади и граѓани сакаат да ја напуштат Македонија. Најголеми проблеми гледаат во економијата, во тоа што се случува во политиката и општеството. Затоа потребно е што побрзо да има предвремени парламентарни избори да се смени оваа мафијашка власт за да може да има развој на оваа држава, рече Мисајловски.

Во врска со изјавата на Пендаровски дека не било време за избори бидејќи немало да се смени ништо, Мисајловски истакна дека и не се очекува дека Пендаровски ќе каже дека неговите треба да си заминат и потенцираше дека избори ќе донесат власт која ќе работи за добро на граѓаните.

– Тие велат секаде има криза и тоа е тоа. Треба да се менаџира таа криза и сите ефекти да бидат помали. Пендаровски сам кажа дека знаеле дека ќе има конфликт, но ништо не презеле. Неспособност на владата и тоа што го прави, затоа е огорчен народот. А дали ќе се смени нешто, да многу ќе се смени, ќе дојде влада што сака да работи. Овие ги интересира само како да се наполнат со пари, како да имаат тендери и да имаат моќ и власт, рече Мисајловски.

Во врска со можно коалицирање со ДУИ, Мисајловски истакна дека целта е СДСМ и ДУИ да паднат заедно.

– Ние размислуваме како да имаме поголем развој, се што правиме е внимателно, понудивме рака на владата 4 пакети, разговараме со албанска опозиција и имаме веќе коалиција во општините, и не гледаме простор за ДУИ да биде во било каква коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Сакаме да ги турнеме заедно, ДУИ е најголем товар во власта, ДУИ ја води државата во овој момент и треба да заминат, истакна Мисајловски.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото:ВМРО ДПМНЕ