Потпорниот ѕид што вчера се урна овде во населба Пинтија, уште еднаш на дело ја покажа неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ. Додека потрошија над 600 милиони за споменици, барок и палми ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде очигледно побитни биле провизиите отколку квалитетот. Показател за тоа е и овој потпорен ѕид кој вчера се урна и чиста среќа е што при тоа нема човечки жртви, истакна Дарко Филиповски, советник во Советот на општина Кисела Вода.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
За овој катастрофален пропуст мора да им одговорност и од изведувачот, но и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски исто како и Данела Арсовска освен што ја партизира општината, народните пари ги троши на непродуктивни трошоци, во првите седум месеци од мандат не сработи ништо за граѓаните и општината.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.