Локализиран големиот пожар во Тетово – воздухот загаден, но без опасност!

Попладнево е локализиран големиот пожар во фабриката за градежни материјали „Пофикс“ во Тетово. Пожарот го гасеа околу 150 пожарникари од Тетово, Скопје, Куманово и Кавадарци. Напомош пристигнаа и припадници на армијата, како и полициски хеликоптер.

Нејасни се причините од што настанал пожарот.

За среќа нема ниту повредени ниту жртви. Неколку лица се задушени и пренесени во болница.
Се апелира жителите на Тетово да ги чуваат затворени прозорците, а учениците утре ќе се вратат на настава.

Надлежните остануваат да ја следат состојбата се до целосно гаснење на пожарот.

фото: ЦУК