Да се живее до длабока старост со личност која неизмерно ја сакате е голема среќа. Малку се оние кои својата љубов ја започнале во тинејџерските денови, а ја задржале десет децении подоцна.
Вистински пример се Дороти (103) и Тим Волтер (102). Тие се сметаат за најстариот пар во Велика Британија кој не се скарал точно 81 година откако го кажале судбоносното „Да“.
Тие првпат се запознале кога и двајцата имале 18 години, а се венчале на 21 година за време на Втората светска војна. Имале своја фарма за овошје, додека за време на војната Дорити работела во воена фабрика за правење делови за летечки чамци. Од друга страна, Тим често го возел својот велосипед за да се сретне со Дороти после работа.
Во екот на војната, Тим и Дороти се венчале на 21-годишна возраст во Њубери во 1942 година. Тие велат дека „никогаш не се карале“ цело време додека биле во брак, иако признале дека можеби понекогаш имале „различно мислење“.
Парот има две ќерки, а љубовта кон бродовите и чамците ја користеле за често патување. Едноставно тоа ги исполнувало и често патувале низ Европа со нивниот брод.
Еден мал совет што парот им го кажа на сите други е да поминуваат време надвор и да патуваат заедно што е можно почесто.
На прашањето каков совет би им дале на луѓето кои сонуваат за долг и среќен брак, Тим рекол: „Не можете да укажувате на една работа, но ако сте задоволни со животот и вашиот партнер, ќе бидете и вие“.
Прабабата и прадедото на три правнуци признале дека им било тешко да се откажат од независноста кога се преселиле во старечки дом и дека требало малку да се навикнат. Сепак, тие сè уште ја задржале смислата за хумор, а на прашањето како е да имаш 102 години, Тим низ смеа одговорил – „Едноставно е непотребно“.
kurir.mk