На 10.12.2023 во 15:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(56) од Кичево.
Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал патрон и го погодил Д.Ј.(40) од истото село, по што Д.Ј. починал.
Увид на местото извршија јавен обвинител, медицински и полициски екипи, а врз телото на починатиот е извршена обдукција.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
idol.mk