Ковачки: Спасовски излажа за два клучни моменти од истрагата за киднапирањето и убиството на Панче и малата Вања

Оливер Спасовски ја излажа македонската јавност за два клучни моменти.

Прво, дека возилото на убиениот Панче со кое е извршено киднапирањето на Вања не било барано затоа што не знаеле дека и тоа е исчезнато.

Ова е лага затоа што возилото е пријавено во СВР Велес како исчезнато, за што постои и официјален запис во МВР.

И второ дека возилото за прв пат го наоѓаат на камерите на “Безбеден град” на 27 ноември, односно на денот на убиството на Вања, истакна Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Во продолжение истата ја пренесуваме во целост:

Како што веќе прашавме, а Спасовски одбива да одговори дали е точно дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” на 24 ноември во 6:30 и 25 во 21:15 кај Маџари, денеска ќе потврдиме дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” во наведените термини и локација, што укажува на уште една лага на МВР Спасовски.

Потенцираме дека овој податок го има и Спасовски, а зошто ја лаже јавноста не знаеме, и бараме одговори.

МВР на Спасовски целосно потфрли и за ова мора да има одговорност.

Најмалку сакаме овие информации кои ги објавуваме да се сфатат во насока на некакво партиско политичко препукување. Но, должни сме јавноста и сите граѓани да предупредиме на пропустите во истрагата на министерот Спасовски како и на нивните погрешни информации кои ги соопштуваа, кои доколку не се случеа, убијците на Вања ќе беа откриени и немаше да се случи второто убиство.

Очекуваме одговори на нашите прашања.

Извор: ВМРО ДПМНЕ