Спасовски веќе не открива детали за убиствата на Вања и Панче, новинарите ги пренасочува кон Обвинителство

Со цел да не се наруши истрагата, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски веќе не дава одговори на новинарските прашања поврзани со убиствата на Вања и Панче.

Тој денеска новинарите кои прашуваа ги упати одговорите да ги бараат во Јавното обвинителство, со оглед на тоа што отворена е истага и сите детали се наоѓаат токму таму.

Спасовски и претходно на прес конференција кога објави дека е уапсен во Турција Љупчо Палевски – Палчо рече дека работата на полицијата е заврена и дека сега на потег е Обивинителството. И тогаш најави дека капацитетите на МВР ќе бидат ставени 24/7 на располагање на Обвинителството со цел истрагата да заврши побрзо.

Инаку останаа неодговорени прашањата, како е грабната и изнесена Вања од зградата, дали пронајдените два пиштоли се токму тие од кои се извршени убиствата, зошто Вања е убиена неколку часа по грабнувањето, а не бил побаран ниту откуп.

извор: 4news.mk