Малку неочекувано, но тројца видни европски амбасадор во земјава, Дејвид Гир на ЕУ, Петра Дрекслер на Германија и Хозе Луис Лозано на Шпанија, вечерва беа дел од трибината на СДСМ во Куманово посветена на енергијата и енергетската транзиција. Преку видео обраќање на трибината од кампањата „Ние сме Европа“ Гир рече: „Членството во ЕУ ќе донесе практични и опиливи придобивки – кога станува збор за енергетска ефикасност, заштита на животна средина и подобрување на квалитетот на воздухот, кога станува збор за економска благостостојба и подобрувањето на животниот стандард“, објави nezavisen.mk.
Гир нагласи дека „енергијата нѐ поврзува. Отпорноста на енергетскиот секор станува сѐ поважана со енергетската криза предизвикана од руската агресивна војна против Украина. Енергијата е исто така клучна во борбата против климатските промени, а обновливите извори се централен елемент во Европскиот зелен договор. Значи диверзификацијата на изворите на снабдување со енергија, преку намалување на зависноста од фосилните горива, станува задолжителна.
Вие сте Европа. Македонија е во срцето на Блаканот, географски и култуно и македонскиот јазик е рамноправен дел од културниот пејзаж во Европа. Повеќето македоски граѓани сакат да бидат дел од ЕУ – и ЕУ сака да бидете дел од неа, бидејќи ЕУ нема да биде целосна без вас“, подвлече евроамбасадорот. ЕУ, според него, верува во големиот потенцијал на Македонија и на македонските граѓани како дел од Унијата.
Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, исто така зборуваше за енергијата и климатските промени.
„Во овој момент очите на Светот всушност не се вперени во Куманово туку во Дубаи. Таму шефовите на држави и влади, министерките и министрите на светската климатска конференција се борат за иднината на нашата планета, поточно за постепено откажување од фосилните горива“, рече таа.
Текстот во целост на:nezavisen.mk