Новата измислена давачка на Марко Бислимоски е давачката за пристап на мрежа. Нов товар за граѓаните на Македонија, кои едвај врзуваат крај со крај.
Денес слушнавме уште една небулоза од РКЕ на СДС: „воведувањето на пристапот на мрежа ќе значи намалување на цената за мрежарината“- според Марко Бислимоски.
Дали РКЕ непромислено избрза со идејата за враќање на евтината тарифа, па сега измисли нов начин како да ги собере парите назад од граѓаните?
Најпрво се исфалија дека од 1 декември ќе се врати евтината тарифа, иако такво нешто се уште немаат повеќе од 2/3 од домаќинствата. Потоа Бислимоски излезе на прес да ги брани ЕВН дека бенефитот од евтината тарифа ќе биде од 1 јануари. Арно ама денес и тоа падна во вода. Бенефитит нема да има ни од 1 јануари, бидејќи се воведува нова давачка, т.н. „пристап на мрежа„, се вели во ФБ објавата на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Кога сето ова ќе се собере ќе излезе дека од сето ова нема никаков бенефит, туку само нов удар по џебот на граѓаните и компаниите
Со доаѓањето на оваа власт, освен покачување на цената на струјата, не добивме ништо друго. Станавме земја со уништени енергетски капацитети, која најлошо се снајде во енергетската криза, без доволно домашно производство. Енергетски компании опстануваат преку префрлање на пари од буџетот директно во нив, за да после тоа во сметките за електрична енергија добиеме информации колку Владата не „субвенционирала“! Ама за жал од нашите пари.
Иако се обидуваат покачувањето на цената да го замаскираат преку нови давачки како денешнава и воведување на блокови, секое домаќинство знае дека од 2108 година наваму цената на струјата е покачена за скоро 50 %. Од тогаш до сега видовме уништување на енергетските капацитети, погрешна стратегија во енергетиката и пораст на цените на сите производи како резултат на порастот на цената на струјата.
Затоа народот на изборите во мај 2024 година ќе може да ја казни оваа власт, која не знае ништо друго освен да приграби за себе.
извор: ФБ Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ