Хеликоптер на АРМ денеска принудно слетал во близина на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец, оти пилотот добил предупредување за појава на проблеми со моторот, информираат од Генералштабот на Армијата.
„Воздухопловниот ВИНГ денеска редовно извршувал летачка обука, при што ги следел безбедносните процедури. Но, откако се појавило сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, околу 14 и 30 часот хеликоптерот принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец“, наведено е во соопштението.
Во него се додава дека по безбедното слетување на хеликоптерот, биле преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото. Била утврдена причината на дефектот и хеликоптерот бил оспособен за летање.
„Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана“, се додава во соопштението.
nezavisen.mk