ВМРО ДПМНЕ: После секој пакет мерки на власта на СДС и ДУИ народот е посиромашен, економија подевастирана, а државата е позадолжена – и овој пакет е за евтин предизборен поткуп

После секој пакет мерки кои ги носи владата на ДУИ и СДС народот е се посиромашен, економијата подевастирана, а државата се позадолжена. И овој како и претходните пакети мерки не е ништо друго освен евтин предизборен поткуп.
Самиот факт што власта на ДУИ и СДС не нуди системски решенија, туку дава трошки на народот со еднократни исплати или во рок од неколку месеци, кои по правило се совпаѓаат со изборни циклуси, говори за капацитетите на власта за водење одржливи економски политики.
Додека даваат по милиони евра за ним блиските компании на сомнителни тендери, на пензионерите им даваат по илјада денари во пресрет на изборите, за после истите тие пари да им ги земат преку поскапите лекови, поскапувањата на електричната енергија или преку поскапувањето на ДДВ за основните прехранбени производи. Тоа е лицемерието на оваа власт.
Ваквиот потценувачки однос на власта кон својот народ не е само кон пензионерите како категорија на граѓани, кои за прв пат во историјата излегоа на протести заради влошениот стандард. Ваквиот однос го гледаме и кон студентите, кон социјалните случаи, кон семејствата со тешко болни лица, кон вработените во администрацијата итн.
Заради лошите политики на оваа власт во Македонија скоро 600 илјади граѓани живеат на раб на сиромаштија, 80 илјади живеат во екстремна сиромаштија, во последните пет години сме се задолжиле со речиси 4,8 милијарди евра а резултати нема, имаме најмал раст на економијата во регионот и имаме привлечено најмалку странски инвестиции исто така.
Криминалот и корупцијата на оваа власт ги изеде парите и стандардот во Македонија.

 

вмро дпмне