„Ти никогаш не си родила дете и не можеш да знаеш што е мајка“ – Нашата актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска Бејби на својот Инстаграм профил сподели коментар упатен до неа на една од објавите во кои нејзините деца зборуваат за врсничко насилство.
Весна Петрушевска Бејби е мајка на две деца, Кирил и Мина, кои се биолошки брат и сестра, а актерката ги посвоила и се грижи за нив. Но, дали тоа значи дека таа не им е мајка и не знае што значи да се биде мајка?
Еден коментар упатен до една од нејзините објави, каде нејзините деца зборуваат за врсничко насилство, особено ја погодил актерката, па таа објави фотографија од него на својот Инстаграм профил, заедно со одговорот што го дала, а грдите зборови упатени до Весна предизвикаа гнев кај голем број од мајките и родителите.
„Ти никогаш не си родила дете и не можеш да знаеш што е мајка“ – стои во коментарот, на што Весна ѝ одговорила:
„Колку си ти примитивна, неука и за греота. Башка лажен профил? Сега малку ќе си популарна, 5 минути“.
Tаа во описот до фотографијата напиша:
„Зошто ни се случува сето ова? Многу просто, неуки, неедуцирани, полусветови, притоа на пост каде моите деца од школата зборуваат за врсничко насилство ‘Крени Глас – Стоп за булинг’.
Булинг врз булинг. Колку треба да си лош и ненормален ова да го напишеш?“
Но, Весна доби голема поддршка од нејзините следбеници и родителите што ја виделе објавата, па ја охрабрија:
„Вие имaте многу деца, а не само две, кои сте биле во можност да ги изберете. За разлика од некои други, кои мора да ги прифатат. Тие деца растеле во вашето срце, вие сте дел од срцата на многу деца. Некој што ја следи вашата работа, знае која сте и какви лекции за родителство споделувате преку неа, каков хуманост сте, борец за права на немоќните, обесправените… Фала му на Бога што ја имаме Весна“;
„Оваа нема поим што значи да си родител! Не е родител само тој што створил и родил дете, ама изгледа нема кој да ѝ го објасни ова“;
„И јас никогаш не сум родила. Згрижувач сум на внуците од сестра ми и се чувствувам поголема мајка од многу што родиле. Тоа што некој не родил, не е мерка дека е добар родител, добра мајка“ – стои во дел од коментарите.
crnobelo.com