Наместо со огномет, Битола ќе ја пречека Новата година со светлосни ефекти и 3Д мапинг

0
129

Општина Битола нема да организира огномет на новогодишната ноќ, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Годинава на полноќ и за време на реализацијата на забавната програма, дочекот на 2024 година ќе се збогати со светлосни ефекти и 3 Д мапинг, информираа од Општина Битола.

Дочекот на новата година ќе се реализира со почитување на еколошките стандарди, заштитата на животната средина и еднаква грижа за сите граѓани и затоа нема да организираме огномет на новогодишната ноќ. Програмата, „Зимската приказна“ ќе биде збогатена со соодветни содржини, нагласија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Фото: Општина Битола