Отпечатоците на Љупчo Палевски Палчo, главниот осомничен за убиството на Вања Горчевска и Панчо Жежовски, се испратени од Турција до МВР на Северна Македонија, соопшти министерот за полиција Оливер Спасовски.
Министерот за Канал 5 посочи дека МВР може да ја прошири истрагата за двојното убиство на Вања Горчевска и Панчо Жежовски за точно да се откријат мотивите на грозоморниот чин.
Тој појасни дека од Турција претходно било побарано да достави дактилоскопски податоци, папиларни линии и дека тие се доставени и ќе бидат предадени на јавното обвинителство.
Спасовки додаде дека се очекува наскоро да пристигне и материјалот за ДНК анализа преку меѓународна правна помош.
„Иако Македонија располага со биометриски податоци за секој граѓанин на државата, тоа е неопходно во ваквиот тек на постапката и од осомничениот Палевски, кој побегна во Турција“, додава Спасовски.
Како што посочува, сите овие податоци се потребни за да се потврди вмешаноста на сите кои во моментов се осомничени и за кои се поднесени кривични пријави.
Се наведува и дека се анализираат околу 70 камери од кои се извлечени записи, кои се прегледуваат и доставуваат или се доставуваат до јавното обвинителство и се анализираат над 50 снимки направени по системот „Безбеден град“.
telegraf.rs