Британско момче кое веќе 6 години се водеше како исчезнато, било пронајдено во Франција

Британската полиција соопшти дека 17-годишното момче, кое исчезна пред шест години, е пронајдено во Франција и ќе се обедини со своето семејство во наредните денови, пренесува Анадолу.

Алекс Бати имаше 11 години кога не се врати дома од одмор во Шпанија во октомври 2017 година ​​​​​​​на кој беше со неговата мајка Мелани Бати, која нема законско родителско старателство, и неговиот дедо Дејвид Бати.

Се верува дека бил киднапиран од двајцата за да живее „алтернативен“ начин на живот во странство.

И покрај меѓународните јавни апели, бабата на Алекс, Сузан Каруана, неговиот законски старател, не го видела откако ја напуштил Велика Британија.

По шест години, тој беше пронајден жив од студентот за киропрактика Фабиен Ацидини, кој вршеше ноќни испораки за локалните аптеки кога наиде на него во Ревел, во близина на Тулуз во јужна Франција.

Се вели дека тинејџерот рекол дека пешачел во блиските планини повеќе од четири дена во обид да се врати во Велика Британија.

„Младиот човек и бабата на Алекс разговараа во видеоповик синоќа. Нашиот главен приоритет сега е да го видиме Алекс вратен дома кај неговото семејство во Велика Британија и нашиот истражен тим работи деноноќно со партнерските агенции и француските власти за да се осигуриме дека се сите целосно поддржани“, рече Крис Сајкс, полициски службеник од округот Велик Манчестер.

Полицијата од Манчестер одби да одговори дали мајката и дедото на тинејџерот се осомничени за неговото исчезнување.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.