Сестрите близначки Маријана Новачевска и Росана Сариќ – Тодоровска денеска го прославуваат нивниот 59. роденден.
Ова музичко дуо, кое остави силен белег на македонската музичка сцена во осумдесеттите години, се појави на естрадата во 1982 година, со песната „Ти си моја вечна тема“. Оттогаш, тие испеаја голем број песни, меѓу кои и евергринот „Признавам“ од 1988 година.
Денес сестрите живеат на различни континенти, но секогаш кога Маријана доаѓа на гости од Австралија – тие ја користат приликата да нѐ потсетат на преубавите забавни мелодии кои своевремено ги изведуваа заедно.
Роденденски, Маријана ѝ посвети емотивна порака на Росана на својот фејсбук-профил.
„МОЈАТА СЕСТРА, МОЕТО СÈ, МОЈАТА РОСАНЧЕ, МОЈАТА ДУША, МОЕ СОНЦЕ, МОЕ НЕБО, МОЈАТА ЅВЕЗДА… ДА МОЖЕВ ДА БИРАМ ПАК ТЕБЕ БИ ТЕ ИЗБРАЛА ЗА СЕСТРА. СРЕЌЕН ТИ РОДЕНДЕН, ЗДРАВА, ЖИВА И СЕКОГАШ НАСМЕАНА ДА СИ МИ“, НАПИША ТАА.
espreso.mk