Иконите вратени од Албанија изложени во Музејот на Македонија

Дваесет икони што биле украдени од македонските цркви, а откриени пред една деценија во Албанија, вчера, конечно, ѝ се вратени на Македонија.

Незаконски изнесените икони, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, од вечерва се изложени во Музејот на Македонија. На изложувањето присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Костадиновска Стојчевска, поглаварот на МПЦ- ОА г.г. Стефан и членот на МАНУ кој всушност ги препозна иконите, Сашо Цветковски.

Дваесет икони што биле украдени од македонските цркви, а откриени пред една деценија во Албанија, вчера, конечно, ѝ се вратени на нашата држава. Примопредавањето е направено во Тирана, при средбата на македонската министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска со нејзината колешка од Република Албанија, Елва Маргарити, а во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.

 

vesnik-ilinden.com