Иран: Изведен кибернапад на интернет-системот на бензинските пумпи

Во Иран е прекината работата на голем број бензински пумпи поради наводен кибернапад врз интернет-системот што се користи на бензинските пумпи во земјата, пренесува Анадолу.

Израелското воено радио денес објави дека израелски хакери извршиле кибернапад врз иранскиот систем за снабдување со гориво, прекинувајќи ги услугите на многу бензински пумпи во Техеран.

Во врска со тоа заменик-министерот за нафта на Иран, Џалил Салари, изјави:

„Речиси 60 отсто од бензинските пумпи имаа проблем. Го исклучивме интернет-системот што се користи на ова подрачје. На нашите граѓани им се обезбедува рачна офлајн услуга за гориво“, изјави Салари за иранската државна телевизија.

Тој рече дека продолжуваат напорите за решавање на проблемот, без да наведе дали зад нападот стојат израелски хакери.

Во соопштението на Министерството за нафта се замолува јавноста да не оди на бензинските пумпи доколку тоа не е итно додека не се реши проблемот.

Извор: Анадолу.

фото:Анадолу.