Нема напредок во исполнување на договореното меѓу Македонија и Бугарија за отворaње на преговорите за членство во ЕУ, порача бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел од собраниската комисија за прашања на Европската унија, Шенген зоната и еврозоната.
Таа вели на патот кон ЕУ за Македонија не се само Уставните измени, туку и Договорот за добрососедство како и двата Протоколи со кои, како што рече, станува збор за три заемно врзани инструменти кои се дел од таканаречниот компромис од јули 2022 година.
Според неа, освен што нема напредок на патот кон уставни измени, по двете средби годинава утврдено било дека нема напредок ниту на другите две полиња.