Стоилковски: МВР со Спасовски подостоинствено се постави пред 215 светски криминалци, отколку кон своите граѓани

Наместо ред Оливер Спасовски како на чело на МВР продуцира неред.
Повеќе од еден месец, МВР не е во состојба да издаде лични документи за македонските граѓани, а тие да се чувствуваат достоинствено, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Неспособноста на Оливер Спасовски ги остави луѓето надвор на минусни температури и на загаден воздух, да чекаат и да се туркаат пред импровизиран пункт и пред пунктот за издавање на лични документи.
Ова е повеќе од срамно. Спасовски знаеше дека ќе има навалица, но повеќе го интересираше кампања за себепромоција.
МВР со Спасовски подостоинствено се постави пред 215 светски криминалци, им организираше издавање пасоши, отколку кон своите граѓани.
Цел месец сега МВР нема систем, нема ред, има импровизација за лични документи, и наместо е прашањето дали се внимава кој се можеби ќе добие македонски пасош?
Доаѓа ден за одговорност, народот ќе им ја испорача сметката!

извор: ВМРО ДПМНЕ