Оливер Спасовски со денови се повеќе се плетка во скандалот со заташкувањето на убиството на ракометарот Денис Тот. Еве една хронологија која што го потврдува тоа, многу прецизна, според динамиката која што тоа го правеа институциите на системот. Според информациите кои што ги има јавноста, претепувањето на ракометарот се случил во 3 часот на 7-ми април. Според КАРИЛ и Ургентниот центар истиот ден на 7-ми април, во раните утрински часови до МВР била пријавено „сомнително нешто“ кај пациент кој е примен кај нив. Дополнително и медиумите вечерта на 7-ми април известуваат за претепувањето на млад ракометар, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Арсовски во целост:
НО И ПОКРАЈ СИТЕ ОВИЕ НАВОДИ МВР на 8-ми април преку официјален став до медиумите испратен околу 10 часот говори дека НЕМА физичко насилство.
Внимавајте, МВР на Оливер Спасовски после 30 ЧАСОВИ од настанот, после сите пријави од Клиника на сомнителни работи, после сите пишувања на медиумите, се дрзна да каже дека немало физички повреди кај загинатиот ракометар.
По опис и попис МВР требало да испита и да утврди што се случило, до толку повеќе што за тоа постоеле снимки кои што ги виде сепак јавноста. 30 часови траел молкот на МВР. Дури после смртта на ракометарот, МВР излезе со поинаков став.
Недопустлив е дефокусот на Спасовски кој што сега сака го направи, практично да ги изманипулира граѓаните, па приказните дека дискотеката била затворена, па извештајот на лекарите, па објаснувањата немало ништо на местото на настанот. Сето тоа е дефокус кој што се обидуваат да го направат. Факт е дека имало пријава, факт е дека имало индиции, факт е дека имало медиумски написи и за жал факт е дека МВР ја замајуваше јавноста, и наместо уште истиот ден на 7-ми да го расветли настанот, тие се обидоа да го прикријат.
Ваквото однесување на МВР, на Оливер Спасовски фрли дамка врз институцијата и на меѓународен план дека убиството било заташкувано, затоа говорат и медиумите од странство.
Затоа одговорност мора да има, и затоа Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка веднаш!