„Siam Ocean World“, најголем океанариум во Југоисточна Азија

Аквариумот „Siam Ocean World“, кој се наоѓа во Бангкок, главниот град на Тајланд, е најголем аквариум во регионот на Југоисточна Азија, јавува Анадолу.

Гигантскиот аквариум е изграден во рамките на трговскиот центар „Сиам Парагон“ во главниот град, и има воден капацитет од 4 милиони литри. Изградбата на аквариумот чинеше 30 милиони долари.

„Siam Ocean World“ е дизајниран за да им ја приближи на домашните и странските туристи атмосферата на вистинскиот океан. Во него живеат повеќе од сто подводни животински вида.

Годишно аквариумот го посетуваат илјадници посетители.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.