Научници од Универзитетот на Исланд вршат мерења на работ на вулканска пукнатина долга околу еден километар на вулканот Гриндавик, на полуостровот Рејкјанес, од која од ноќта кон вторникот се исфрла 100 до 200 кубни метри лава во секунда. Очевидци велат дека на почетокот на ерупцијата, лавата била исфрлана до 200 метри во височина. Истоимениот град на Исланд е превентивно евакуиран уште пред неколку недели, а уште колку долго ќе биде активен вулканот, кој еруптира четврти пат во последните три години, не се знае.
DW