(ВИДЕО) Во Мелбурн македонец и јапонка свират балканска музика „Ужичко коло“

0
147

Христијан Спировски, по потекло од Македонија, е млад пијанист кој е роден и со години живее во Мелбурн, каде често ги забавува луѓето со своите виртуозни изведби.

За тоа зборува и видеото кое го испратил до редакцијата на „Телеграф“, каде на пијано ја свири познатата песна „Ужичко коло“ во придружба на девојка по име Шион, виолинистка од Јапонија.

„Оваа година почнав да свирам пијано во центарот на Мелбурн речиси секој ден и имам можност да видам луѓе од целиот свет кои доаѓаат да ме слушаат“, вели Кристијан.

Шион и Кристијан се сретнале случајно на железничка станица во центарот на Мелбурн. Откако била воодушевена од свирењето на Христијан, решила да му се придружи и да го испрати на виолина.

„Случајно ја запознав девојката и немавме никакви проби, но ова дојде толку ненадејно, спонтано. И кажав дека свириме српска музика и таа се согласи. Таа дојде од Јапонија на одмор во Мелбурн“, додал тој.

Видеото ТУКА

telegraf.rs