„Армискиот Дедо Мраз“ слета со хеликоптер, густата магла не го спречи

Ниту густата магла не го спречи „Армискиот Дедо Мраз“ и оваа година да пристигне со армиски транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан.

По краткиот прелет со воениот хеликоптер „Дедо Мраз“ додели новогодишни пакетчиња, а децата придружувани од најблиските имаа можност да се згрејат со топол војнички чај , да се фотографираат со најомилената новогодишна личност, како и да разгледаат дел од хеликоптерите.

Традиционалната предновогодишна манифестација и оваа година одлично организирана и реализирана од припадниците на воздухопловната единица на Армијата.