Ристески: Елката на Данела како и системот во државата, тажна и бедна

Прес конференција на ВМРО ДПМНЕ. Истата ја пренесуваме во целост:

Новогодишната елка на Данела е идентична како и системот во државата, тажна и бедна.

Елката на Данела пред мене е како и градоначалничката на Скопје поддржувана од СДС, ДУИ и Левица, празна и никаква.

Оваа елка позади мене е светско чудо, а за прв пат можеме да се согласиме со Арсовска навистина ниту еден главен град во светот нема ваква елка, но исто така ниту еден главен град нема и ваков градоначалник, а и прашање е зошто воопшто би имал…

Веројатно се работи за некаков маркетинг трик. Едната половина да се накити во оваа, а другата во наредната година. Баш менаџерски.

Вака изгледа Скопје кога Арсовска кити, а под маса дели поклони со СДС, ДУИ и Левица.

За омилените на Данела еве и поклон. Купче пари за сметководителот Драги, и секако боксерски ракавици за секретарот на градот Глигоров.

Арсовска да не го мачи Скопје повеќе, а и таа да не се мачи со неко, нека си даде оставка. Што побрзо тоа подобро.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ