(ВИДЕО) Тирана блесна во новогодишен сјај

Главните градови на соседните земји се веќе украсени и граѓаните не ја кријат радоста излегувајќи со семејствата низ плоштадите украсени за новогодишните празници. За разлика од нашите соседи, Скопје сеуште се доукрасува, но сепак и покрај напорите македонскиот главен град е далеку од она како што треба да изгледа.

Тирана и официјално влезе во најубавиот период од годината, откако традиционално, на плоштадот „Скендербег“ беше осветлена голема новогодишна елка, а поставени се и светилки во разни облици. Владата на Албанија и агенцијата за туризам одамна ја промовира земјава за Дочек на Новата Година. Очигледно рекламата е повеќе успешна, затоа што се повеќе граѓани од околните земји се одлучуваат најлудата ноќ да ја поминат во Тирана.

Видео ТУКА

Шарените празнични светилки беа запалени и во паркот на езерото во Тирана! рече градоначалникот на Тирана, Еријон Велија.

Тој побара од граѓаните на Тирана да поканат што повеќе нивни роднини и пријатели, кои се во или надвор од државата, но и до странците, да ги поминат празниците во главниот град.