Русија го направи „најгрдиот“ електричен автомобил

Автомобилот „Фиат Мултипла“ некогаш беше прогласуван за најгрдиот на светот,а сега ако се погледнат фотките од проттотипот на првиот руски електричен автомобил, популарната „Мултипла“ добива конкуренција во изборот за најгрд автомобил.

Московскиот политехнички институт (МАМИ) претстави ран прототип на електричен автомобил „амбер“.

МАМИ го разви возилото на барање на Автотор според посебен договор со руското Министерство за индустрија и трговија. Претходно, автомобилите БМВ, КИА и Хјундаи се склопуваа во фабриката Автотор во Калининград.

Сите главни компоненти, од моторот до батериите, се развиваат во Русија, а новиот електричен автомобил ќе биде „компактен и достапен“, изјавија од Институтот за руската медиумска куќа РБК.

Батеријата е дизајнирана така што може да се изнајмува наместо да се купува, додека првите пет автомобили во претпроизводство треба да бидат доставени на сертификација следната година, а масовното производство на новиот електричен руски автомобил треба да започне во 2025 година.

„Автотор“ објави дека кога „амберот“ ќе влезе во сериско производство, ќе изгледа „значително поинаков“ од прототипот.

 

kanal5.mk