52-годишната ѕвезда од „Беверли Хилс“ се подготвува за смртта

0
132

Шенон Доерти отворено зборува за нејзината битка со ракот и иако вели дека не се откажува, сега изјави дека постепено се подготвува и за нејзината смрт.

52-годишната актерка сподели дека моментално најмногу се грижи за мајка ѝ, односно сака да ѝ ја олесни целата ситуација.

„Сега приоритетот ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа“, вели актерката во нова епизода од нејзиниот подкаст.

Со цел да ѝ олесни, Шенон вели дека почнала да се ослободува од материјалните работи што ги поседува и смета дека повеќе не ѝ се потребни.

Актерката открива дека низ годините купила многу парчиња мебел бидејќи обожавала антиквитети. Но, сега сфатила дека нема потреба од толку многу покуќнина.

Истовремено, актерката вели дека се откажала од сонот да го реновира нејзиниот имот во Тенеси.

„Бев во Тенеси и пакував некои мои работи. Ми беше тешко и ситуацијата ми беше емотивна бидејќи се чувствував како да се откажувам од мој сон“.

Актерката истакнува дека еден од нејзините неостварени соништа бил да ги згрижува старите напуштени коњи, а токму во Тенеси сакала да направи ранч за нив.

„Тоа беше еден од моите соништа. Па, како ги пакував работите, почнав да плачам. Се откажував од мој сон. Дали тоа значи дека се откажав и од животот?

И тогаш мајка ми ми рече ’Не го продавај ова место. Не мораш и можеш да продолжиш (со остварување на сонот)‘. Јас ѝ реков дека можам“.

На крај, актерката сепак се откажала од сонот, дури нарекувајќи го и „глупава идеја“ бидејќи трошоците за реновирањето би биле огромни.

На крај, актерката додава дека со тоа што се ослободува од материјалните работи, верува дека „ќе ја олесни транзицијата на нејзиното семејство“ кога ќе почине.

Истовремено, таа смета дека во овој момент треба да вложува во искуства, а не во материјални работи.

„Тоа што се ослободувам од сè ми помага да патувам почесто бидејќи заработувам – ги продавам моите работи. И со тоа создавам нови сеќавања со луѓето што ги сакам.

Можам да ја носам мајка ми на патувања бидејќи имам повеќе пари. Нема да ги допирам парите од мојот имот, за да се осигурам дека сите сакани ќе бидат згрижени кога ќе бидам мртва“.

„Бидејќи ќе ѝ биде многу тешко, сакам други работи да ѝ бидат полесни. Не сакам да треба да се справува со еден куп работи. Не сакам да има четири складови полни со мебел“.

За потсетување, Шенон првпат беше дијагностицирана со рак во 2015-та. По две години, ракот беше во ремисија, но во 2019-та повторно се врати, и тоа во четврти стадиум.

Лани Шенон откри дека ракот се проширил до мозокот, а подоцна и до коските.

Актерката отворено зборува и за битката со ракот, и за фактот дека се подготвува за смртта.

 

crnobelo.mk