Пронајден мртов Ли Сун-кјун, актерот од филмот „Паразит“ награден со Оскар

Актерот Ји Сунг-кјун од филмот награден со Оскар „Паразит“ е пронајден мртов. Веројатно се работи за самоубиство, објави Јонхап, истакнувајќи дека тој е под истрага поради сомневање за употреба на дрога.

Маж на возраст од околу 40 години бил пронајден во онесвест во автомобил во парк во центарот на Сеул во 10:30 часот, а полицијата подоцна го идентификувала како Ји. Претходно беше објавено дека Ји го напуштил својот дом откако напишал белешка која личи на некролог, и дека неговиот автомобил исчезнал.

Режисерот на „Паразит“ на чело на жирито на Филмскиот фестивал во Венеција (ВИДЕО)

Од почетокот на годинава, заклучно со минатата сабота, неколкупати бил сослушан во полиција поради сомневање дека користел марихуана и друга дрога во домот на водителка која работи во елитен бар во Сеул. Актерот тврдел дека бил измамен од водителката и дека не знаел што зема. Тој беше негативен на допинг тест.

А светската слава ја стекна откако „Паразит“, во која ја играше насловната улога, доби Оскар за најдобар филм во 2020 година.