Автомобил завршил на вториот кат од куќа во Пенсилванија

Извесно семејство од Пенсилванија немало нималку пријатен викенд, бидејќи патнички автомобил се нашол на вториот кат од нивната куќа и направил огромна штета.

Инцидентот се случил во Луистаун, а возачот одговорен за несреќата се соочува со обвинение.

Полицијата сè уште утврдувала што всушност се случило и како автомобилот завршил на вториот кат од куќата.
Во моментот на несреќата во куќата имало од едно до три лица, но немало повредени. Возачот успеал да излезе од автомобилот и да се качи на покривот, по што бил пренесен во болница како би му била пружена лекарска помош за здобиените повреди.

Неофицијално, автомобилот најверојатно завршил на вториот кат откако се движел со поголема брзина и наишол на пропуст, „тунел“ низ кој тече вода под коловоз или пруга.

Наводно, возачот откако влетал во пропустот, возачот „полетал“ во воздух, а потоа „слетал“ на вториот кат од куќата.

Полицијата во својот извештај навела дека несреќата била „намерно дело“.

Биле потребни 3 часа за да се извади автомобилот од куќата, а објектот бил привремено стабилизиран и заштитен од невремето што доаѓа.

 

 

tocka.mk