Република: Претрес кај ексградоначалник, пронајдено големо количество нелегално оружје?!

При претрес кај поранешен градоначалник било пронајдено поголемо количество оружје, дознава Република од полициски извори. Според информациите до кои дојдовме во текот на изминатата вечер бил направен претсрес во домот на ексградоначалник на една од општините во околината на Скопје, при што биле пронајдени повеќе парчиња оружје, најголемиот дел ги поседувал нелегално. По претресот дома, полицијата се упатила и во семејната фирма, каде исто така е пронајдено нелегално оружје. Десетици нелегални пушки и пиштоли се запленети. Но во обид да се отворат сефовите во семејната фирма, на поранешниот градоначалник му се слошило, по што е пренесен во болница.

-Лицето кај кое е пронајдено оружјето моментално е хоспитализиран во една од скопските болници. Сѐ уште се наоѓа таму, поради што и сефовите не се отворени. Полицијата ја обезбедува фирмата со цел некој да не ги испразни сефовите, но без присуство на лицето кое беше претресено, не можат да бидат отворени – вели нашиот извор.

Според нашите информации полициската акција не е завршена. Се чека информација за состојбата на поранешниот градоначалник, по што ќе се проверат и сефовите. Засега овој настан го нема во билтенот на полицијата. Нашиот извор посочува дека не е првпат семејството на ексградоначалникот да има проблеми со полицијата. Акцијата трае подолго време, биле следени активностите на ексградоначалникот, по што е влезено во неговиот дом.

 

извор: Република