На 29.03.2022 во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(48) од Битола. Тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.
Related Posts
Изгласана новата влада – Мицкоски премиер на Македонија
Со 77 гласа за и 22 против е изгласана новата влада на Република Македонија. Со ова Христијан Мицкоски е избран…
Професорот Ристески од МО бил платен за партиски активности – опозицијата бара оставки
На социјалните мрежи се појави дикумент, извештај, потпишан од универзитетскиот професор Темелко Ристески за тоа што во јули 2020 година…