Во Белград се уште не е завршено вештачењето на ДНК-та на телото беше пронајдено закачено на сплав во Дунав во близина на Умка во Дунав, но познатиот форензичар Часлав Ристиќ, коментира дека тоа најверојатно не е исчезнатиот спиќанец Матеј Периш, објави Република.
Пронајденото тело веќе било во фаза на распаѓање, но Ристиќ вели дека првичните информации говорат дека тоа не е телото на Матеј.
На судските лекари останува да утврдат колку долго телото било во вода. Тие имаат свои методи за да го утврдат тоа и на тој начин се одредува идентитетот, но првично, ми се чини дека не е Матеј Периш.
Според медиумите, пронајденото тело е од човек кој носел црн елек и црна тренерка, а од медиумите дознаваме дека Периш трчал во маица и имал бели патики. Само тој факт според мене е доволен да помислиме дека не се работи за Матеј Периш – вели Ристиќ.
Текстот во целост на: Република