(ВИДЕО) Јаков ја запросил девојката во авион, немал трпение да стигнат до Париз

Млад Србин сакал да приреди магично запросување за девојката во Париз, но бил нетрпелив, па тоа го направил уште во авионот. Погледнете како капетанот го поддржа во запросувањето.

Младиот Србин Јаков сакал да ѝ приреди магично запросување на својата девојка Мина во градот на љубовта Париз, но очигледно бил премногу нетрпелив за да чека да стигнат до посакуваната дестинација, и наместо пред Ајфеловата кула, тој важното прашање го поставил уште во авионот.

На Инстаграм профилот на авиокомпанијата е објавено видео со пораката што капетанот на авионот Павле Делиќ ја упатил до присутните во авионот:

„Почитувани патници, ви зборува капетанот. Се надевам дека уживате во летот. Сега имате непланирана, но навистина убава објава.

Еден наш патник во моментов се подготвува на својата девојка да ѝ постави многу важно прашање.

Во името на целата посада и во свое име ве молам да го поддржите. Јакове, во авионот има 139 сведоци на твојата љубов. Среќно!“

Мина била воодушевена од запросувањето и секако одговорила со: „Да!“

Персоналот подготвил посебно изненадување, па моментот го прославиле со шампањ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Air Serbia (@airserbia)

crnobelo.mk