Поранешниот сопруг од Тамара во врска со кошаркарката Едина Муса

0
143

Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии на кои е во друштво на поранешниот сопруг на Тамара Тодевска, Александар Димитровски – Мачка.

Познатата кошаркарка и фитнес модел објави заедничка фотографија од родниот град на Мачка, Гевгелија, а потоа и од кошаркарски натпревар во Србија.

Но, фотографијата која отпочна најмногу коментари е онаа од кабаре во Белград на која Едина и Александар изгледаат како да се повеќе од само пријатели.

За потсетување, во ноември минатата година се појави веста дека Тамара и Мачка се разведуваат откако летото прославија 7 години брак.

Едина во 2020 година ја прекина врската со фитнес тренерот и модел Серџо Спасов. Парот често објавуваше заеднички фотографии на социјалните мрежи и јавно си изјавуваа љубов, а еден за друг велеа дека си се најголема поддршка и во животот и во кариерата.

 

tocka.mk