Кинеската Xiaomi го објави своето прво електрично возило во четвртокот, предвидувајќи дека тоа е првиот чекор кон претекнување на Tesla.
SU7 ќе има опсег до 800 километри и ќе се натпреварува за клиенти со Tesla Model S, кој има опсег од 510 и 660 километри.
Возилото од кинеско производство ќе има и самостојно возење, систем за забава што е целосно компатибилен со паметните телефони на Xiaomi и неверојатно забрзување кое ќе го однесе од 0 до 100 километри на час за 2,78 секунди.
Цената допрва треба да биде објавена, но извршниот директор и ко-основач Леи Јун рече на претставувањето дека може да биде помеѓу 14.000 и 56.000 долари – Model S започнува од 74.990 долари.
motika.mk