Вчера (30.12) во 15.40 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Е.(25) од село Ваксинце, липковско, затоа што при преглед кај него биле пронајдени 1640 парчиња разновидни пиротехнички средства. А.Е. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
извор:МВР