САД: Судијка во Лас Вегас нападната од обвинетата при изрекување на пресуда

0
111

Судијка во западната американска сојузна држава Невада беше нападната и повредена за време на судски процес во Лас Вегас вчера, кога обвинетата ја прескокна клупата и ја нападна, пренесува Анадолу.

Во нападот повредена е судијката на Осмиот судски округ, Меј Кеј Холтус, објави Стејт њуз во Невада.

„Дебора Реден утринава беше присутна на изрекувањето на пресудата во врска со обвинение за физички напад со предизвикување значителни телесни повреди. За време на рочиштето, обвинетата Реден ја нападна судијката Мери Кеј Холтус“, објави дневниот весник.

Судијката Холтус се здобила со одредени повреди, нејзината состојба се следи, а при нападот бил повреден и маршалот на судницата кој бил пренесен во болница.

Инцидентот е снимен од камерите во судницата.

Според весникот Лас Вегас ривју, 30-годишната обвинета, Дебора Реден, која има историја на апсења од 2011 година, осудена е за три кривични дела, за обид за кражба во 2015 година, физички напад со нанесување тешки телесни повреди во 2018 година, напад при семејно насилство во 2021 година и два прекршока, вклучително и физички напад во 2016 година и уништување имот во 2023 година.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.