Полицаец, но и лице осудено за кривично дело со настрадан при пукање учествувале во упадот во М-НАВ, денеска попладне, тврдат за Телма, извори запознаени со истрагата за инцидентот.
АЛСАТ-М повикувајќи се на свои извори објави дека упадот врз контролори на летање во М-нав денеска го водел претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир Беким Незири. Денеска после прес конференцијата на синдикатот на М-НАВ кога беа откриени повеќе злоупотреби на менаџментот на М-НАВ, повеќе лица меѓу кои и вработен во контролата на летање успеале надвор од сите безбедносни процедури да влезат во кулата на контролата на летање на аеродромот и во објектот да нападнат тројца контролори на летање.
Упадот според Алсат го водел функционерот на ДУИ Беким Незири кој е и поранешен министер за економија. Друг член на бандата која упаднала во контролата на летање, задолжена за безбедност на воздухопловниот сообраќај во државата, бил и сопруг на жена која пред неколку месеци била вработена во Навигација. Според информациите на Телма со иницијали Е.С. претходно имал и условна затворска казна за насилен инцидент со нстрадан човек при пукање.
Текстот во целост на: Телма