Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи по трет пат не се појави на судско рочиште против него. На 26 декември 2023 година Османи требаше да одговара согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Претходните две рочишта требаше да се одржат на 15 мај и на 15 септември 2023 година. Во сите три случаи Османи тврдеше дека има „неодложни обврски“, иако многу порано му беше кажан денот на судењето. На нив требаше да се дадат завршните обраќања во процесот што го покрена Македонското меѓународно движење за човекови права и неговиот претседател Бил Николов, пишува МКД.мк.
Османи ги наклевети ММДЧП и Николов поради нивниот активизам за одбрана на правата на Македонците, во конкретниот случај за правата на дискриминираното македонско малцинство во Бугарија.
Ваквите клевети се тактика која често пати ја употребуваат режимот и неговите поддржувачи во американската Влада. Режимот во Македонија беше донесен на власт од САД, а во интерес на нивните надворешно-политички цели. Тој ја наметна промената на името во крајно навредливото ‘Cеверна Македонија’, и презема натамошни чекори да го уништи македонскиот етнички идентитет. Режимот е озлогласен по бруталните напади врз човековите права и врз сите неистомисленици, од кои голем дел се извршува преку целосна американска/режимска контрола врз македонското судство.
Текстот во целост на: МКД.мк.