Основното јавно обвинителство Битола издало наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки и дека се уште не е утврдена причината за смртта на шестгодишната Јана во битолската болница.
Вчера девојче на шестгодишна возраст, кое живее во битолското село Кравари, почина за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница – Битола. Како што информираа од Болницата, направена е обдукција на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет дена.
-Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.
фото: Архива