Европските боксови во М-НАВ доказ за неевропските криминални банди на ДУИ и СДС, загрозена безбедноста на патниците кои летаат, велат од ВМРО ДПМНЕ

Европските боксови во М-НАВ доказ за неевропските криминални банди на ДУИ и СДС, загрозена е безбедноста на патниците кои летаат. Власта предводена од СДС и ДУИ одлучи да молчи за скандалот во Македонска навигација или М-НАВ и да одмори до 9 јануари за кога им е закажана владина седница. Тоа што е направен упад во објект од критична инфраструктура не е ништо важно, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Лицата предводени од Беким Незири влегоа во зградата на Македонска навигација ги нападнаа вработените додека ги следат слетувањата и полетувањата, како и прелетите над македонското небо, а Владата на СДС и ДУИ одлучи да молчи. Веројатно Димитар Ковачевски чека амин од ДУИ за понатамошните постапки, а можеби и тој како и директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди смета дека тоа не било напад, туку „кошкање меѓу вработени“.

Власта предводена од СДС и ДУИ уште еднаш го покажа лажното проевропското лице.Да ја потсетиме Владата. Прво, зградата на Македонска навигација е објект од критична инфраструктура, од исклучителна важност за функционирањето на државата, како и за безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај. Второ, упадот во ваков објект е безбедносен скандал од меѓународни рамки. Оттука, јасно е дека станува збор за казнено дело дефинирано во Казнениот законик.

Најавената финансиска полиција која во вторник наредната недела ќе влезе во М-Нав и изведувањето на Незири и уште неколкумина други лица синоќа пред судија на претходна постапка е само игра за јавноста.

За случајот упад во М-Нав мора да реагира Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство и во најкраток можен рок да ги санкционираат учесниците во настанот.

Владата пак треба веднаш да го разреши раководството на М-Нав, а не да чека. Оставка да поднесе и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Едноставно е, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме!

извор: ВМРО ДПМНЕ