Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска – во Хрватска: Три лица загинаа, 12 се повредени, меѓу нив и деца

0
81

Три лица ги загубија животите во сообраќајна несреќа која во 1:40 часот по локално време се случила на автопатот Карловац – Ријека, во Хрватска.

Хрватските медиуми пренесуваат дека се судриле неколку возила, по што веднаш е почната спасувачка мисија, а меѓу 12-те повредени имало и деца. Шест лица од повредените се хоспитализирани во општата болница во Карловац, три лица биле пренесени во болницата во Ријека, две во Огулин, а едно пренесено во КЦ ЗАгреб.

Според првите информации, се судриле комбе и автомобил. Станува збор за комбе со унгарски регистарски ознаки, и автомобил со хрватски ознаки.

На лице место излегол и јавен обвинител.