ВМРО-ДПМНЕ ќе ја докаже правдата, одлуката за Талир 2 е донесена од октроирани и партизирани судии, вели Мицкоски

Првостепената судска пресуда за предметот, таканаречен Талир 2, ја донесоа партизирани и октроирани судии, и таа е донесена со цел да се изврши притисок врз партијата, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкиски во интервју за Призма.

Мицкоски додава дека целиот притисок кој што власта го врши врз партијата на разни начини, вклучително и преку судски пресуди, ќе го издржат затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народот, а не е имотот.

Истакна дека со ваквата одлука за конфискација се опфаќа скоро целиот партиски имот односно околу 90 процени, во вредност под седум милиони евра, додавајќи дека ако ништо друго, со ваквата одлука, сегашната власт, се демантираше самата себеси, која преку провладините медиуми и преку шарената револуција водеа кампања дека ВМРО-ДПМНЕ е најбогата партија, при што споменуваа и имот вреден 55-60 милиони евра.

„Тоа е речиси целиот имот. И се сеќавате на оние кампањи на обоената револуција и на провладините медиуми кога велеа за ВМРО-ДПМНЕ дека е најбогатата партија во Европа, дека ВМРО-ДПМНЕ располага со имотот од неколку десетици милиони евра, па се споменуваа фантастични цифри од 55, 60 милиони и така натаму. Еве сега вчера пресуда, ако ништо друго барем нив ги демантира, бидејќи целокупниот имот, отприлика тоа е 90 проценти од имотот на ВМРО, е некаде под седум милиони евра“, реле Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ќе продолжат да ја бараат и да ја докажат правдата, ако треба и во меѓународните судови, како што е на пример судот во Стразбур.

„Нормално дека ќе имаме план Б, но нашиот план А е да ја докажеме правдата, дали тоа ќе биде тука или на некои судови, како што е Стразбур, ние ќе ја докажеме правдата“, вели Мицкоски.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: Архива