Божиновски за Република: Веќе не е прашање кој ќе победи на изборите, туку колкава ќе биде разликата на ВМРО-ДПМНЕ

Власта има два фокуси на нивната политика во моментов а тоа не е развојот на Македонија, туку да имаат 61 пратеник да останат ден повеќе на власт. Целта на владеењето е да се остане на власт. Вториот фокус е доколку е можно да се обезбедат осум пратеници со цел да поминат уставните измени,нагласува политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во интервју за „ Република“.

Не верувам дека возможно ниту еден пратеник да обезбедат. Едно е вие да имате уценети пратеници што ќе ги вадете од затвор во моментот кога се менува власта а друго е кога имате пратеници кои се во опозиција и кога знаат дека нивната опција на следните избори е сигурен победник. Зошто велам осум а не шест пратеници, затоа што и ДОМ и Демократскиот сојуз се изјаснија дека нема да ги поддржат уставните измени а можеби и ЛДП-вели Божиновски.

Според него, невозможно е да се повторат во Собранието сликите како при промената на името.

Не е самото внесување на Бугарите толку проблематично толку што е проблематично она што е тоа проблематично она што го потпиша Ковачевски. Борбата ќе биде да се избоксува проемена на тоа што е потпишано.Со него имаме некаков сатрап во Софија кој треба да ми каже каква историја ќе учи моето дете. Освен оваа власт јас не верувам која друга власт ќе се согласи на такво нешто.

Тој има објаснување и за т.н Балансер

Во моментов имаме директно кршење на законите од оној кој ги носи и треба да ги спроведува а тоа е владата. Сосема е јасно дека Балансерот се однесува на правична застапеност во согласност со последниот попис на резидентно население. Толку е јасно тоа толкување што нема можност како поинаку да биде толкувано.

Божиновски ги толкува и последните анкети кои покажуваат сериозно водство на опозицијата и победа на следните избори.

Веќе не се доведува во прашање кој ќе победи на следните избори.Сите истражувања покажуваат дека опозицијата има предност која може само да се зголемува.Власта може само да ја задржи моменталната разлика кој што ј има опозицијата.Воопшто веќе не е прашање кој ќе победи на изборите туку колкава ќе биде разликата на ВМРО-ДПМНЕ-убеден е Божиновски.

Интервјуто во целост може да го погледнете на Република