Шест лица се повредени во пожар на Клиниката за психијатрија во Бања Лука

0
109

Шест лица се повредени во пожарот што рано утринава избувна на Клиниката за психијатрија во Бањалука, потврдија од Српскаинфо во полициската управа Бањалука.

Пожарот бил пријавен 40 минути по полноќ, пишува Српскаинфо.

– Во Полициската управа Бањалука околу 00:40 часот било пријавено дека на улица Мачванска во просториите на Клиниката за психијатрија УКЦ РС избувнал пожар. Пожарот е локализиран од вработени и припадници на Противпожарната бригада на град Бањалука. Шест лица се здобиле со физички повреди и им е укажана лекарска помош во УКЦ РС – соопштија од полициската управа Бањалука.

Извршена е истрага, а за се е известен заменик-обвинителот на ОЈТ Бањалука, кој нареди да се преземат сите неопходни мерки и дејствија за утврдување на околностите на пожарот.