Акцијата упеа – спасени на петте лица заробени во словенечката пештера

0
96

Тричленото семејство, мајка, ќерка и очув, заедно со двајца водичи, од саботата попладне беа заробени во пештера во Словенија откако нивото на водата се подигна, денеска беа спасени.

Пет лица се спасени благодарение на големите напори на спасувачите кои денеска поради падот на нивото на водата им пришле и ги евакуирале надвор.

Евакуацијата траела од 9 до 15:05 часот, кога спасувачите успеале да го извлечат првиот човек на безбедно.