Руфи Османи – кандидат на албанската опозиција за претседател?

Поранешниот градоначалник на Гостивар и поранешен лидер на партијата Национална демократска преродба, Руфи Османи, е кандидатот со најголеми шанси за кандидат за претседател на државата од редовите на албанската опозиција. составена од Беса, Алтернатива и Демократско движење, дознава Плусинфо од партиски извори, објави plusinfo.mk.

Но, прашањето што сега е од клучна важност е дали Руфи Османи ќе биде единствениот кандидат Албанец за претседател на претстојните претседателски избори, или, пак, ДУИ сепак ќе биде принудена да ѝ откаже љубов на СДСМ и да предложи свој кандидат, наместо да го поддржи Стево Пендаровски, кој најверојатно ќе се бори за втор мандат.

Ако албанската опозиција лансира свој кандидат, а тоа не го стори ДУИ, тогаш голем дел од гласачите Албанци би гласале за кандидатот Албанец, коментираат политичките аналитичари. Од друга страна, ако и ДУИ оди со свој кандидат, посочуваат експертите, тогаш би имало двајца кандидати Албанци, а би се загубила поддршката за кандидатот на СДСМ.

Текстот во целост на: plusinfo.mk