Контролори на летање за Плусинфо: „Ние навигираме, а во ходникот викотници и тепечки – и како не бил загрозен авиосообраќајот?!“!

Контролори на летање со долгогодишно работно искуство, кои се сведоци на многу настани во изминативе повеќе од две децении, со кои разговараше Плусинфо, , велат дека ова е клучен момент, „да се биде или не“ за оваа чувствителна и важна институција.

Како тоа не била загрозена безбедноста на авиосообраќајот, кога контролорите работеа во таква незивесност и вознемиреност? И кој го констатира тоа – Илир Мехмеди од АЦБ, партиски другар на директорот на М-НАВ? Ние бевме свесни дека тоа е состојба на зголемен ризик и побаравме од директорот да биде редуциран интензитетот на сообраќајот, односно да се намали капацитетот на контролата, што е можно да се направи со пријавуавање до надлежните тела, но директорот одби! Со тоа самиот лично го зголеми ризикот во авиосообраќајот – вели еден од контролорите, кој бил на смена во моментот на инцидентот.

Тие велат дека нападот на партиските насилници под раководство на Беќим Незири од ДУИ, е кулминација во постојаната тортура што оваа партија ја врши во ова јавно претпријатие. Поради високите плати, кои се над 2.000 евра, а за директорските функции достигнуваат и до 6.000 евра бруто, ова претпријатие е најатрактивано за наградување и вдомување партиски кадри, роднини, пријатели…

Текстот во целост на: Плусинфо